Комити до Груби: „Го молиме присутниот џган да не нѐ става во уста“
Навивачката група Комити брзо му одговори на првиот вицепремиер Артан Груби. „Го молиме присутниот џган да не не става во уста“, е одговорот на Комитите за ставот на Груби.
Ривалитетот меѓу Вардар и Шкупи секогаш е присутен, а Артан Груби во минатото беше дел од навивачката група „Шверцери“.
„Го замолуваме присутниот џган да не 'не става у уста.
ВАРДАР - Слога 1:0
Ајт сиктер !
#ШверцерскаДунда #ГлумецотОдТеатарот“ напишаа Комити.
Груби, претходно упати порака до Комитите, навивачката група на Вардар, велејќи дека за однесувањето што тие го имаа на вчерашниот меч меѓу Вардар и Шкупи, иако навиваа надвор од стадионот, нема место во новото општество.
„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, истакна Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа