Колумбијка резервирала лет со параглајдер за да го надмине стравот од летање, загинала

27-годишната Даниеле Бариос резервирала лет со параглајдер за да го надмине стравот од летање. Сè завршило трагично кога таа се лизнала од седиштето за време на летот и паднала во шума во Колумбија.

Даниеле пред летот објавила фотографија на социјалните мрежи и напишала дека „конечно е подготвена да се ослободи од фобијата од летање“. „Придружете ми се во луда авантура. Да го победиме стравот“, напиша таа.

Бариос и пилотот полетаа од планината Ел Кастиљо во провинцијата Каларка во саботата попладне. Таа се лизна од седиштето додека летаа над патеката Прадера Алта, соопшти противпожарната служба во Каларка. Пилотот, чие име не се соопштува, не можел да застане и го продолжил летот додека не успеал да слета, пишува Дејли Мејл.

Сведок ја видел како паѓа со параглајдерот и веднаш повикал 911. Мисијата за пребарување и спасување била започната околу 15 часот, а завршила околу полноќ кога пожарникарите го пронашле нејзиното тело. На местото на настанот била констатирана смрт.

„Очигледно една млада жена се лизна од седиштето каде што седи копилотот“, изјави командантот на противпожарната служба во Каларка, капетанот Хавиер Арконде.

Бариос зад себе остави седумгодишен син. Истрагата е во тек.

19.03.2024 - 18:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега