Колач од само три состојки подготвен за 15 минути- „брауни“ без брашно, масло и шеќер

 

 

Овие колачи не содржат глутен, шеќер, млечни масти или храна од животинско потекло. Тие се подготвуваат многу брзо и јадат уште побрзо.

Состојки:

270 грама пире од сладок компир

115 грама путер од бадем

65 грама какао

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во блендер, кратко измешајте го пирето од сладок компир, путер од бадем и какао додека не добиете еднолична  смеса. Ако немате путер од бадем, можете да користите путер од кикирики или индиски орев. Истурете ја добиената смеса во мал плех обложен со хартија за печење и печете 12 до 15 минути, или додека не се стегне целосно. Боцнете со чиста чепкалка за заби во колачот, ако е чиста кога ќе ја извадите, колачињата се готови. Ако на чепкалката се залепи од смесата или пак е влажна печете ги брауните уште малку.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега