Кока-Кола под истрага во Германија

 

Германксиот регулатор објави дека отворил истрага против Coca-Cola Europacific Partners Deutschland поради сомневање дека ја потиснува конкуренцијата во Германија и соседните пазари со својата ценовна политика.

Прво, ќе испитаат дали Кока-Кола доминира на пазарот за кола пијалоци и газирани безалкохолни пијалоци, бидејќи доминантните компании подлежат на посебни прописи за пазарна конкуренција.

Исто така, ќе истражи дали структурата на попусти на Кока-Кола им нуди стимулации на трговците на мало со храна да купуваат, на видно место да го пласираат или рекламираат целиот нејзин асортиман на производи, вклучувајќи ги Фанта и Спрајт, наместо само кола пијалоци.

Овие услови на крајот може да ја задушат конкуренцијата, ограничувајќи ја способноста на другите производители да се натпреваруваат со Coca-Cola и на соседните пазари, се вели во соопштението.

 

14.11.2023 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега