Кој е Азир Алиу - Новиот министер за здравство на Македонија
Со 65 гласа ЗА од вкупно 80 пратеници кои гласаа, Азир Алиу стана новиот министер за здравство на Македонија.
Тој положи и потпиша свечена заклетва во текот на вчерашната седница во Собранието, а пратениците го поздравија со аплауз.
Алиу е македонски професор по современи науки и технологии, специјализиран во области како криптографија, кибербезбедност, блокчеин технологии и машинско учење. Тој е поранешен професор на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово. Од вчера, 9 јуни 2025, ја вршни функцијата министер за здравство од редовите на ВРЕДИ.
Роден е на 15 април во Гостивар, дипломиран инженер по електротехника. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и магистрирал електротехника.
Неговото професионално искуство е збогатено и со членството во Националниот комитет за претприемништво и иновации, каде членувал од 2013 година до 2017 година, период во кој бил и советник за високо образование на претседателот на владата на Македонија.
Автор е и ко-автор на повеќе научни трудови, а неговата научно-истражувачка работа се фокусира на интелигентни системи, анализа на сигнали и мулти-резолуциони слики, обработка на медицински слики и препознавање на облици, машинско учење и паралелно програмирање.
Од вчера, 9 јуни 2025 година е новиот министер за здравство во кабинетот на Христијан Мицкоски од редовите на ВРЕДИ, по оставката на Арбен Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа