Кога пензионираните пилоти за „ер тракторите“ ќе се вратат на работа?

За да се вратат на работа двајцата пензионирани пилоти за да управуваат со ер тракторите, Финансии треба да им одобри плата од 300 илјади денари. Имаме три ер трактори, но не можат да се користат за гаснење на шумски пожари, се додека немаме тројца пилоти. Единствениот обучен пилот кој има способност да ги лета, зема плата од 72 илјади денари. 

Во Македонија нема заинтересирани за професијата пилот во ДЗС, поради неатрактивната плата. Од Дирекцијата за заштита и спасување бараат да се изедначи со онаа на пилотите кои управуваат со хеликоптерите на МВР, за да се промени состојбата. 

Ако избие пожар во шума, не може да се надеваме ниту на пожарникарите од ЈП Национални шуми, кои први треба да интервенираат на терен, оти претпријатието немало пари за гориво. Во директорската фотелја на ова претпријатие денеска седна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов. На побараните одговори Трајанов најаваи дека од понеделник ќе се соочи со проблемот со блокираната сметка на претпријатието.

Габриела Лескова

05.07.2024 - 19:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега