Коцевски: Доказите за убиството на Вања се обезбедени, чекаме екстрадиција на Палчо

Државниот обвинител Љупчо Коцевски вели дека во обвинителската кариера истражувал многу злосторства, но како убиството на Вања Ѓорчевска немал видено. Тој изрази надеж дека осомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо ќе биде брзо екстрадиран од Турција.

-Во моето долгогодишно искуство, може да кажам дека сум имал 50 – 60 вакви случаи, за жал, меѓутоа тука се работи за специфично грозоморно убиство. Со истрагата се опфатени пет лица кои се осомничени. Обезбедени се доказите, имаше и обдукција, сето тоа оди во корист на фактичката состојба што Обвинителството ја утврдува, чекаме екстрадиција во однос на лицето што го спомнавте, Палчо, и јас мислам дека ќе биде брзо екстрадиран од Република Турција. Нашата работа е завршена, останува само екстрадицијата, рече Коцевски во вечерашата емисија Топ Тема на телевизија Телма.

01.03.2024 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега