Кинезите ќе работат подолго - се зголемува старосната граница за пензионирање
Кина како најмладата земја, која го најде своето место меѓу најголемите светски економии, планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците в година, одлука што ќе важи во следните 15 години.
Мажите ќе може да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените од 55 до 58 години, во зависност од работното место.
Ќе се спроведува од јануари в година, се вели во најавата на кинеската влада на CCTV.
Сегашната возраст за пензионирање е 60 години за мажи и 50-55 години за жени.
„Имаме повеќе луѓе што се на прагот на возраста за пензионирање, така што пензискиот фонд се соочува со голем притисок, па мислам дека сега е време да се дејствува сериозно“, рече Ксиуџијан Пенг, виш научен соработник на Универзитетот „Викторија“ во Австралија, кој го проучува населението во Кина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа