Кинескиот претседател во Москва: Кина е подготвена да застане зад Русија

 

Кинескиот претседател Шји Џинпинг изјави денеска во Москва дека Кина е одлучно подготвена, заедно со Русија, да го поддржи меѓународниот систем во чиј центар се ОН, во денешниот турбулентен свет и да се залага за светски поредок заснован на меѓународното право.

„Кина и Русија, како големи сили и постојани членки на Советот за безбедност на ОН, играат важна улога во меѓународните работи. Во свет далеку од мирен, Кина е подготвена заедно со Русија одлучно да го брани меѓународниот систем во чиј центар се ОН, да го зачува светскиот поредок заснован на меѓународното право и основните норми на меѓународните односи засновани на целите и принципите на Повелбата на ОН, придржувајќи се до вистинскиот мултилатерализам, промовираат глобална мултиполарност и демократизација на меѓународните односи, промовираат развој на глобалното владеење на поправедна и порационална насока“, рече Шји по пристигнувањето во Москва.

Како што јави РИА Новости, претседателот на Кина рече дека има намера да разговара со претседателот на Русија за важни регионални и меѓународни теми од заеднички интерес.

„За време на посетата, очекувам да имам темелна размена на мислења со претседателот Владимир Путин за прашања од билатералните односи и важни регионални и меѓународни теми од заеднички интерес, како и да изложам план за развој на стратешка интеракција и практична соработка“, рече тој.

Убеден е дека неговата посета на Москва ќе биде плодна.

„ Уверен сум дека посетата ќе биде плодна и ќе даде нов поттик за здрав и стабилен развој на кинеско-руските односи на сеопфатно партнерство и стратешка соработка во новата ера“, рече кинескиот претседател.

Кинескиот лидер рече дека двете земји имаат долгогодишно пријателство меѓу нивните народи. Џинпинг до 22 март е во посета на Русија на покана на рускиот претседател Владимир Путин.

Оваа посета е негово прво патување во странство откако беше реизбран за шеф на државата по трет мандат.

20.03.2023 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега