Кина погодена од силен земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Веили во кинеската автономна ујгурска провинција Ксинџијанг, соопшти Кинескиот центар за земјотреси (CENC).

Земјотресот се случил на длабочина од 20 километри, јавува агенцијата Ксинхуа.


Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени и настаната материјална штета.

11.06.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега