Киев со драматичен апел: „Русите го ставија светот на работ на нуклеарна катастрофа“

 

 

Утрово Русија ѝ нанесе уште еден силен удар на енергетската инфраструктура на Украина, а цел на нападот беа енергетски објекти во седум области: Киев, Миколајев, Харков, Запорожје, Одеса, Днепропетровск и Житомирск, рече украинскиот министер за енергија Герман Гулушенко.

Тој предупреди дека Русите го ставаат светот на работ од нуклеарна катастрофа, со оглед дека со гранатирањето оштетена е последната линија за снабдување со струја на нуклеарката во Запорожје, а станицата во моментот работи на дизел генератори, пренесува Интерфакс.

Агенцијата наведува дека во гранатирањето, нуклеарката во Запорожје, во која веќе неколку месеци не работи ниту еден од шестте блокови, изгубила можност да добива струја за свои потреби од мрежата и повторно се пренела на дизел генераторите.

09.03.2023 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега