Киднапирана припадничка на израелската армија

 

Хамас објави видео на киднапирана израелска војничка која чита порака. Израел го идентификуваше девојчето како Ноа Марчиано.

Откако Хамас го објави видеото, израелската војска (ИДФ) потврди дека се работи за 19-годишнaта Ноа Марчијано.

Девојчето било киднапирано за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и одведено во заробеништво во Газа, пренесува Дневник.хр.

„Нашето срце е со семејството Марчијано, чија ќерка Ноа беше брутално киднапирана од терористичката организација Хамас. Ги користиме сите средства, разузнавачки и оперативни за да ги вратиме заложниците дома“, се вели во соопштението на армијата.

Во понеделникот вечерта, бригадите Ал-Касам на Хамас објавија видео на кое Ноа очигледно чита порака на хебрејски во која таа се претстави со своето име и матичен број и рече дека е приведена во Газа.

Сепак, на крајот од видеото е прикажано безживотното тело на девојката со очигледни повреди. И додека Хамас наведува дека била убиена во бомбардирање на израелската армија на 9 ноември, други неофицијални извори тврдат дека Хамас ја убил со удари во главата.

„Терористичката организација Хамас продолжува да спроведува психолошки тероризам и да се однесува нехумано со објавување видеа и фотографии од заложници, како што правеа во минатото“, соопшти ИД, наведувајќи дека го посетиле семејството на Ноа Марчиано.

14.11.2023 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега