КЕЦ Куманово: Вработените ги напуштија работните места откако упадна групата
Откако група на жители од селото Оризари денеска упаднале во просториите на ЕВН во Куманово, вработените ги напуштиле работните места и си заминале дома. Веста за РСЕ ја потврдиле од КЕЦ Куманово. Оттаму објаснуваат дека вработените ги напуштиле работните места поради безбедности причини, а и оти немало услови за работа.
„Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН - Куманово нема да работи“, велат од КЕЦ Куманово за РСЕ.
Ова следи откако селата Оризари и Слупчане останаа без напојување по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.
Од ЕВН изминатите денови информираа дека сѐ додека не се создадат нормални услови за работа и не се загарантира сигурноста на вработените на „Електродистрибуција“, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.
„Дефектот во снабдувањето на електричната енергија во селото Слупчане е резултат на контуинирано нелегално користење на електричната енергија. За жал, некои од липковските села се исто така опфатени со ова и се соочуваат со прекин во снабдувањето. Екипите на ‘Електродистрибуцијата’ при извршување на редовните работни активности или санација на дефект во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Тоа се случуваше токму денес“, информираа од „Електродистрибуција“.
Министерот за економија Крешник Бектеши по блокадите во Слупчане со повик: Граѓаните треба да плаќаат струја колку што потрошиле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа