Кавадарчанец ја претепал сопругата - заврши со лисици на рацете

 


Четириесет и двегодишен кавадарчанец бил лишен од слобода поради физички напад врз неговата сопруга, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода П.П., затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, појаснуваат од СВР - Велес.

По документирање на настанот, како што додаваат од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

20.09.2024 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега