Каритас: Над 5,5 милиони Италијанци живеат во екстремна сиромаштија

 

Во Италија дури 5,674 милиони лица живеат во состојба на екстремна сиромаштија, соопшти денеска католичкиот фонд Каритас, пренесе АНСА.

„Речиси 30 години од објавувањето на првиот извештај, феноменот на сиромаштијата се промени во однос на бројот и социјалните профили (на погодените)“, се наведува годишниот извештај од фондот Каритас.

Во однос на 2021 година овие бројки покажуваат зголемување за  357.000 лица, додаваат оттаму, или тоа претставува околу 9,7 отсто од населението.

„Тоа е структурен проблем, веќе не е како порано“, се додава во извештајот.

Каритас додава дека 14,3 милиони се наоѓаат во состојба на ризик од сиромаштија и социјална исклученост, што е 24,4 отсто од населението во Италија.  

17.11.2023 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега