Капушевски во притвор, Јахоски во домашен притвор: Ова е одлуката на судот
Притвор определи Судијата на претходна постапка за три лица осомнечни во вчерашната акција на Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.
Сопственикот на компанијата РКМ, Ратко Капушевски и уште две лица А.М. И Е.С. добија 30-дневен притвор поради опасност од бегство и околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата.
Сопственикот на компанијата Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, пак доби мерка куќен притвор.
-По произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, појаснуваат од Кривичниот суд.
Седуммина од 11-мината приведени од судот добија мерки на претпазливост.
-За останатите 7 осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од Кривичен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа