Капитенот на Ерменија откажа трансфер за да оди во војна

 

Вараздат Харојан, 28-годишниот стопер остана без трансфер во кипарски АЕЛ зашто бил мобилизиран во војската на Ерменија, која од викендот влезе во војна со Азербејџан.

Неговиот менаџер објасни дека поради конфликтот меѓу двете земји Херојан нема да потпише договор бидејќи е повикан да служи војска.

Искусниот стопер е капитен на Ерменија и одигра 52 меча, односно постигна два гола, додека го носеше и дресот за младинската репрезентација.

Ова најверојатно значи и дека фудбалерот нема да настапи против Македонија, ако ситуацијата не се смири до ноември кога е закажан мечот меѓу двете селекции во рамки на Лигата на нации.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега