Како скопјани се однесуваат кон тротинетите - еден заврши врз автомобил

Скопјани пред неколку дена на располагање добија 500 електрични тротинети паркирани на повеќе локации низ Скопје, но неколку од нив веќе беа оштетени од несовесни граѓани.

И вечерва се појавија нови реакции од граѓани за несовесното користење на тротинетите.

Имено, на инстаграм е прикажано видео со реакција на тоа како скопјани се однесуваат кон тротинетите и сцена од тротинет качен врз автомобил.

Авторот како што стои во описот на видеото пишува дека тротинетите се пластичен приказ зошто на Европа ѝ припаѓаме само географски.

Видеото предзвика силни реакции на социјалните мрежи.

26.05.2023 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега