Кадиров одби да ги прими ослободените чеченски војници, им рече да се вратат на бојното поле

 

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров одби да се сретне со своите војници кои се ослободени од украинско заробеништво.  Во саботата, пет чеченски војници беа пречекани од роднини и владини претставници во Грозни, главниот град на Чеченската Република, откако беа разменети за украински воени заробеници.

Претседателот на чеченскиот парламент Магомед Даудов изјави дека чеченските војници биле заробени на 14 декември, а преговорите за нивно ослободување биле „чувани во тајност“. Сепак, во објава на Телеграм, Кадиров потврди дека не е меѓу оние кои ги поздравувале повратниците, пишувајќи дека чеченскиот „воин мора да докаже дека нема друг избор освен да биде заробен“.

Ги повика назад на бојното поле

„Тоа треба да го докажете со враќање на првата линија“, нагласи тој. Тој тврди дека било „прашање на честа“ на војникот да покаже дека не ја избегнувал битката, односно „дека не се плашеле да му се спротивстават на непријателот и не барале можност да го положат оружјето“.

Тој го посочи примерот на чеченскиот војник Киргистан Мушиканов, кој беше ранет и заробен во Украина, но по неговото ослободување и закрепнување, тој повторно се приклучи на единиците на Кадиров, пренесува Newsweek.

17.04.2023 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега