Јужна и Северна Кореја со заедничка кандидатура за ОИ 2032
Властите во Сеул и Пјонгјанг ќе истакнат заедничка кандидатура на Јужна и Северна Кореја за организација на Олимписките игри (ОИ) во 2032 година, иако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) неодамна веќе му додели на австралискиот град Бризбејн статус на посакуван домаќин на Игрите.
Официјален Сеул, како што јавија јужнокорејските медиуми, објави денеска дека доставил до надлежната Комисија на МОК „предлог, визија и концепт за заедничка организација“ на ОИ со Пјонгјанг.
Јужнокорејските власти, притоа, изразија жалење поради „неочекуваната одлука“ на МОК да додели статус посакуван домаќин на Бризбејн, но порачаа оти се решителни во намерата да продолжат со процесот на кандидирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа