Јутјуберка убиена за време на пренос во живо
Јапонската полиција уапси осомничен за смртоносно прободување со нож на Јутјуберка за време на нејзин пренос во живо во Токио. Метрополитенската полиција на Токио го уапси 42-годишниот Кенџи Такано на местото на настанот во вторникот, кога се случи нападот.
Жртвата, 22-годишната Ајри Сато, била прободена повеќе пати во горниот дел од телото и починала во болница. Сведоци и гледачи на преносот во живо изјавиле дека слушнале крици за помош, по што преносот бил прекинат.
Осомничениот изјавил дека ја запознал Сато преку нејзиниот пренос во живо и дека имале финансиски спор. Според медиумите, Такано ѝ позајмил на Сато голема сума пари, која таа не ја вратила, и покрај судскиот налог. Такано патувал од градот Ојама до Токио за да го изврши нападот, но изјавил дека немал намера да ја убие.
Насилниот криминал е редок во Јапонија, но во последниве години имало неколку случаи на напади со нож и други видови на насилство, што се поврзува со економските проблеми на земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа