ЈСП - Скопје објави оглас - се бараат 100 возачи бидејќи голем дел заминале да работат во странство

 

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје објави оглас за вработување на возачи. На веб страницата на ова Јавно претпријатие се бараат кандидати со минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени ипрофесионално однесување. Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

СДК.МК претходно објави дека голем дел од возачите заминале да работат во странство.

 

Денеска од колегите дознав дека е објавен оглас. Не знаеме колку лица ќе се вработуваат, но потребни се најмалку 100 возачи. Пред ковид-19 пандемијата околу 70 возачи заминаа во Малта, Германија и други европски држави за подобри плати. Сега има некои најави дека ќе има нов бран на заминувања од претпријатието во странски фирми кои нудат подобри услови“, вели Миќо Стојановски претседател на синдикатот на ЈСП при Сојузот на синдикати на Македонија.

 

ЈСП со години е во тешка финансиска состојба. За да може да подели плата Град Скопје му префрла пари односно секоја година му доделува субвенции заради потешкотии во работењето.

 

Лани за прв пат во историјата на Град Скопје возачите престанаа да возат и главниот град еден ден беше без јавен превоз оти не им беше исплатена плата.

 

 

 

19.09.2023 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега