ЈСП остана без нафта: Автобусите паркирани во гаражите
ЈСП повторно остана без нафта. Најголемиот дел од автобусите веќе се паркирани во гаражите, а останатите ќе снемаат гориво за два до три часа.
Информацијата за Сител ја потврдија Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје и Независниот синдикат на возачи.
Миќо Стојановски од синдикатот на вработените во ЈСП откри дека синоќа автобусите се повлекле порано од своите линии со цел да заштедат гориво повеќе за денеска да можат да возат барем една смена.
Стојановски вели дека од пред неколку дена ЈСП нема ниту директор. Договорот на Драги Кушовски бил истечен и тој веќе не доаѓал на работа. А нов директор нема.
Сител се обиде да контактира со Кушовски, но тој не одговори на телефонските повици.
Испративме и прашања до Градот Скопје, од каде очекуваме одговори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа