Јована Јеремиќ направи фатална грешка: Водителката го покажа мобилниот, а на него зачувани порно страници

Српската водителка Јована Јеремиќ за време на утринската програма на ТВ „Пинк“ сакала на гледачите да им покаже одредено видео на Интернет, но инсистирала тоа да го направи „од својот телефон“. Тоа се покажа како фатална грешка за неа, а еве и зошто…

„Вчера имавме технички проблеми, но не е важно, мојот телефон работи“ – рече Јеремиќ и го извади мобилниот телефон. Додека на нејзиниот мобилен телефон се вртеа различни кадри од шоуто, гледачите можеа да ги видат имињата и логоата на неколку порнографски страници на горниот дел од екранот на телефонот на Јована.

Јеремиќ сега тврди дека не ги посетила овие „интернет локации за возрасни“ и дека не знае за што станува збор, пишува Нова РС.

„Знаете дека немам проблем да кажам дека гледам нешто, но ова нема врска со мене. Не гледам порно филмови на мојот телефон, а кога ги гледам, тоа го правам на компјутер. Гледам што е означено овде, но не посетувам ништо од тоа, ниту одам на Твитер затоа што го немам. Како што ми беше пратен линкот, го кликнав, тоа е тоа“ – изјави Јеремиќ за 24/7 и додаде дека „кога ќе кликне на линкот, така излегува“.

„Кога ќе кликнете на линкот се нуди некоја порнографска содржина, кликнав со намера да ја исклучам. Никој не гледаше порно филмови на телефонот. Тоа воопшто не е моја листа на зачувани страници“ – се правдаше таа.

24.07.2023 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега