Јотова за инцидентот во Скопје: Ова е дел од свесната политика на Северна Македонија кон бугарските граѓани
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова го коментираше инцидентот пред натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Левски“ во „Лице в Лице“ на бугарски медиум.
„Ова е дел од свесната политика на Северна Македонија кон бугарските граѓани, без разлика дали живеат на територијата на оваа земја или доаѓаат од Бугарија. За мене е необјасниво зошто нашето Министерство за надворешни работи веќе втор ден не реагира во каква било форма“, рече таа.
Според неа, постојат различни начини на кои тоа може да се направи.
Најмалку е да се јавиме на амбасадорот на Бугарија во Скопје, за да ја знаеме информацијата од прва рака. Да ги поставиме нашите прашања до РСМ, до владата, до премиерот“, смета Јотова.
Според неа, во Северна Македонија има сили кои сакаат да спречат вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ.
Актуелните спортски немири во Скопје нема да влијаат на одлуката за уставни измени, но внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов на Софија, рече во интервјуто за БТВ Јотова.
„Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов. Нашите услови се, се разбира покрај внесувањето на Уставот, почитување на договорот за добрососедство, како и двата протоколи потпишани од двете страни. Откако имаме редовна Влада во Бугарија јас не сум слушнала, дека тие запишани услови на Бугарија во протоколите се исполнуваа. Помина доста време, треба да се направи рекапитулација“, изјави бугарската потпретседателка Јотова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа