Јолевски нема забелешки за синот на Џафери: Полагал што полагал, за нас е добар

 

 

За Советот на Јавни обвинители нема ништо спорно во биографијата на новоизбраниот обвинител Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого ДКСК објави дека положил правосуден испит пред да дипломира.

На прашањето за биографијата на младиот Џафери претседателот на Советот на Јавни обвинители Антонио Јолевски рече дека целосната документација што е потребна за кај нив е важечка, а за останатото, според него, требало да се погрижат другите надлежни институции.

 Целосната документација што е потребна за кај нас ја има и е важечка, ние не можеме да се впуштаме во тој дел, не е наша надлежност. Оние институции кои треба да се грижат, би требало да интервенираат доколку сметале дека нешто не е во ред. Министерството за образование, Министерство за правда, кога полагале правосуден испит, ниту еден досега нема поведено постапка, ниту, колку што знам, ДКСК го има затворено предметот како предмет – рече тој.

Синот на собранискиот претседател Талат Џафери и сопругата на шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, Албулена Абази денеска беа избрани за јавни обвинители.

Џафери, кого го следеа многу контроверзи околу тоа дека предвреме полагал правосуден испит е избран за обвинител во гостиварското, а Абази на кичевското обвинителство.

23.05.2023 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега