Јапонија донираше ново комунално возило на охриѓани во вредност од 60.640 евра

 

На 23-ти јуни, Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја, присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Општина Охрид. Церемонијата беше организирана од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, г. Кирил Пецаков и Директорот на јавното комунално претпријатие „Нискоградба“, г. Александар Трпеноски, во знак на благодарност за донацијата. 

Со овој проект, Јапонија овозможи Општина Охрид да добие Toyota комунално возило за чистење на канализационата мрежа. Станува збор за голема донација на Јапонската влада вредна 60,640.00 EUR. нагласи градоначалникот Пецаков во неговиот говор и објасни зошто оваа донација е важна – „Имајќи ја предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина, акцентирајќи ја заштитата на Охридското Езеро, оваа донација доаѓа во вистински момент.“ 

Јапонскиот Амбасадор Оцука Казуја зборуваше за неговото задоволство од овој проект, како и важноста која ја има: „Ова е нашиот шести проект во Општина Охрид…за овој проект особено, горди сме што го обезбедуваме ова возило кое придонесува за намалување на загадувањето на древното и убаво Охридско езеро. 

На крајот, директорот на јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ г. Александар Трпеноски ја заклучи оваа церемонија со презентирање на статистиките и мала демонстрација на тоа како работи возилото. – „Донираното возило веќе еден месец е пуштено во употреба и…(јавното комунално претпријатие) успеа да санира приближно 200 дефекти во канализационата мрежа од кои голем дел се во стариот дел на градот којшто претставува специфичен терен за работа.“ 

Вкупната донирана сума од народот на Јапонија од 1996г е 8,9 милиони евра. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано 177 GGP проекти од кои: во образование повеќе од 75 училишта и градинки; во здравство 67 здравствени установи; и во унапредување на животната средина 52 општини се поддржани.

23.06.2023 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега