Израелски напади во Бејрут: Цел е наследник на Насралах
Израелските напади во Бејрут во четвртокот доцна навечер и денеска рано наутро по локално време беа насочени кон Хашем Сафиедин, за кој се верува дека е најверојатниот наследник на неодамна убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала, изјави израелски официјален претставник за Си-Ен-Ен.
Во текот на ноќта и рано утринава израелската армија (ИДФ) изврши серија интензивни напади врз предградијата на Бејрут. Извор близок до Хезболах изјави за АФП дека Израел извршил 11 последователни напади врз Бејрут.
На снимката објавена од израелските медиуми се гледаат уништени згради и огромен облак од оган и чад над градот, додека американскиот Њујорк Тајмс тврди дека цел на ИДФ бил подземен бункер каде наводно се одржувал состанок на највисоките функционери на Хезболах, вклучувајќи го и Хашем Сафиедин, за кого тие тврдат дека бил цел на овие напади.
Засега не е јасно дали Сафиедин го преживеал нападот. Ниту ИДФ, ниту Хезболах се уште не го објавија ова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа