Израелски функционер: Планот е Иран да погодува кога ќе биде одговорот од Израел

 


Израелскиот воен кабинет денеска за ручек се состана во намален состав за да разговара за одговорот на иранскиот ракетен и напад со беспилотни летала, изјави израелски извор за Тајмс оф Израел.

Засега, размислувањето на Израел е дека нема штета во тоа Иран да погодува со одложувањето на потенцијалниот одговор. Нека бидат вознемирени, рекол израелскиот извор.

„Одговорот може да биде во Иран или надвор од Иран“, навел изворот.

Мнозинската позиција во кабинетот е дека Израел треба силно да одговори на иранскиот напад без преседан.

16.04.2024 - 23:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега