Израел утрово го нападна Бејрут - оддекнуваат експлозии, луѓето панично бегаат
Рано утринава израелската армија (ИДФ) изврши нов напад врз либанската престолнина Бејрут, чија цел беа, како што тврдат, локации поврзани со милитантната група Хезболах.
Во исто време, либанските граѓани ја напуштаат земјата во страв од ширење на конфликтот и бегаат во Сирија..
Во текот на ноќта израелската армија нападна складиште за оружје во близина на пристанишниот град Латакија во Сирија, јави сириското радио Шам ФМ.
Радиото соопшти дека сириската противвоздушна одбрана оперира над морето во областа Латакија и дека пожарникарите гаснат пожар во крајбрежниот град Џабла, јужно од Латакија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа