Израел го бомбардира југот на Газа, загинаа десетици Палестинци
Израелската војска го бомбардира јужниот дел на Појасот Газа, при што загинаа десетици луѓе, иако на Палестинците претходно им беше кажано да се евакуираат таму од северот пред копнената офанзива.
Во меѓувреме, посредниците се обидуваат да постигнат договор за испорака на помош за цивилите на таа густо населена територија, која е под опсада и напад на Израел од почетокот на нападот на Хамас.
Разгорувањето на насилството по должината на границата на Израел со Либан исто така предизвика загриженост дека конфликтот ќе се прошири во регионот, што дипломатите се обидуваат да го спречат.
Високиот функционер на Хамас и поранешен министер за здравство, Басем Наим, изјави дека 27 лица биле убиени во Рафах и 30 во Кан Јунис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа