Издржете уште два дена - на повидок големо разладување
По екстремно топлото време кое ќе продолжи утре и во сабота, со температури кои на места ќе достигнат и до 43 степени Целзиусови, граѓаните конечно може да очекуваат разладување.
Управата за хидрометеоролошки работи најави значително опаѓање на температурите и промена на времето од недела.
Од недела, па во деновите потоа, температурите ќе бидат во опаѓање, носејќи со себе услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
24.07.2025 - 12:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа