Избувна голем пожар на познат тајландски пазар, загинаа стотици животни

Голем пожар избувна утрово на познат тајландски пазар во кој загина стотици животни.

Неколку стотици животни во кафези загинаа во пожар на пазарот Чатучак во Бангкок, еден од најпознатите пазари во Тајланд, соопштија локалните власти.

Пожарот избувна рано утринава и брзо се прошири во повеќе од 100 продавници во делот на пазарот за животни, меѓу кои има кучиња, риби, змии, птици и зајаци, пренесува АП.

Засега нема извештаи за човечки жртви.

11.06.2024 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега