Иван Јованов од „Либеро бенд“ го извади својот Џокер - Отвора своја продукција и го претставува најконтроверзниот артист што Македонија некогаш го имала

 
Во ова време - невреме, ретки се изведувачите кои работат, се трудат и вложуваат во својата кариера. Иван Јованов е еден од ретките.  Фронтменот на  групата „Либеро бенд“ го извади својот Џокер. Станува збор за ново музичко име на македонската музичка сцена, кој го крие идентитетот од јавноста и токму поради тоа носи маска. 
 
„Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ - вели Иван Јованов. 
 
Иван, заедно со неговиот колега Дејан Стојановиќ,без никакви ограничувања во правецот кој го третираат, тие одлучија да направат нешто ново, односно заеднички да отворат музичката продукција под наслов „ID PRODUCTION“. 
Во периодот кој што следува Јованов најавува многу новитети. Нова песна со „Либеро бенд“, нова песна на Никола, како и многу нови проекти со Џокер. И како што вели тој, ова е само почеток!
13.04.2022 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега