Хумани велешани: На крводарителска акција собрани 31 единица крв
Во Станицата за Трансфузиологија во Велес денеска се собрани 31 единица крв од велешките крводарители.
Од станицата за Трансфузиологија, која е во склоп на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во изјава за МИА, потенцираа дека велешките крводарители се меѓу најхуманите и секоја недела голем број од нив самоиницијативно се јавуваат да даруваат крв.
Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст за МИА нагласи дека велешките крводарители лани дарувале над 3750 крвни единици, собрани од крводарители во бројните акции за доброволно дарување на крв во Велес, Чашка и Градско.
-Со тоа велешките крводарители, како и многу години по ред наназад и во 2024 година, уште еднаш потврдија дека се на врвот на најхуманите во земјава, потенцира Николов.
Инаку, во Станицата за крводарување самоиницијативно секој граѓанин може да дарува крв секоја седмица во четврток и понеделник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа