Хрватско МНР: Убиен е наш државјанин во Газа

 

Шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман ја соопшти се уште непотврдената информација дека е убиен хрватски државјанин во Појасот Газа.

„За жал, се вели дека едно лице починало, но сепак треба да го потврдиме тоа“, рече Грлиќ Радман, зборувајќи за хрватските граѓани во палестинската енклава, пренесе ХРТ. Грлиќ Радман рече дека се згрижени сите Хрвати кои побарале евакуација или репатријација.

Хрватскиот амбасадор во Египет вчера изјави дека сите хрватски државјани се евакуирани од Газа, освен една жена која самоиницијативно се откажала.

03.11.2023 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега