Хрват добил отказ од работа поради алкохол, па се покажало дека е оцет во салата
Даниел (59) од Загорје во Хрватска до јуни минатата година работел на Главната железничка станица во Загреб, каде прописите се строги и не толерираат присуство на алкохол поради одговорноста на работното место.
Еден ден, при редовните тестирања се покажало дека во телото на Даниел имало 0,18 промили алкохол и тој веднаш добил отказ, пишуваат хрватските медиуми, пренесе „Блиц“.
Сепак, мажот решил да се жали на суд. Во претставката изјавил дека има 39 години стаж, од кои 28 во железницата и дека никогаш не било утврдено дека пиел на работа, а повеќе пати бил тестиран. Изјавил дека вечерта пред да биде тестиран, јадел салата со алкохолен оцет, а во последните три години не пие и не пуши.
Судот на крајот констатирал дека концентрацијата на алкохол во крвта му била ниска и дека тоа не влијаело на неговото однесување или безбедноста во сообраќајот.
На Даниел му одело во прилог и тоа што е во лоша финансиска состојба и што издржува два сина, од кои едниот е студент.
Судијата го вратил на работното место, а железницата сега е должна да му плати отштета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа