Хорор во Власотинце: 39-годишник го тепал својот татко до смрт
Припадници на српското МВР во Власотинце го уапсија 39-годишниот П. И. од Власотинце поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со смртен исход.
Тој е осомничен дека синоќа неколкупати го удрил педесет и осумгодишниот татко за кој се сомневаат дека починал од добиените повреди.
На осомничениот, по овластување на вишиот јавен обвинител во Лесковац, му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.
18.11.2023 - 10:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа