Хорор во Шпанија: Ја убил сопругата и ѝ го измил телото за да си ги покрие трагите, па се самоубил

 

Во луксузен хотел во Шпанија се случило ужасно убиство и самоубиство. Во хотелската соба во Фуертевентура во четвртокот биле пронајдени тела на германски туристи. Според шпанската полиција, жената и мажот биле на возраст од околу 40 години и биле на одмор во луксузниот комплекс.

Шпанската полиција за РТЛ потврди дека насилната смрт на туристичката двојка ќе ја третира како случај на убиство и самоубиство. Извори блиски до истрагата изјавија дека жената починала од силен удар со тап предмет во главата. После тоа, човекот наводно го подготвил местото на злосторството за да си ги покрие трагите и да изгледа како самоубиство. Наведено е дека тој го измил целото тело на жртвата, а потоа извршил самоубиство.

Откако роднините не можеле да ги добијат на телефон, персоналот на хотелот влегол во собата и затекнал страшна глетка. Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот, но веднаш било наведено дека за повеќе информации ќе го чека извештајот од обдукцијата.

Форензичкиот извештај конечно ја разреши мистеријата за смрттa на германските туристи: мажот прво ја убил сопругата, а потоа си го одзел животот. Во моментов не се достапни информации за мотивот.

16.04.2023 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега