Хорор во Германија: Воз со километри влечел жена, раката ѝ се заглавила во вратата

 

 

Воз неколку километри влечеше жена во Баварија, која ја преживеа страшната несреќа. 39-годишната жена е тешко повредена, а полицијата ги истражува околностите на настанот од кој биле изненадени и криминалистите.

39-годишна жена од Германија се симнала од регионалниот воз во понеделникот вечерта меѓу Донауверт (Баварија) и Ален (Баден-Виртемберг) на станицата низ вратата свртена кон спротивната страна на перонот.

Кога ја сфатила својата грешка, сакала да се врати во вагонот, но вратата се затворила и возот тргнал. Тогаш нејзината рака се заглавила во вратата, а таа останала на надворешната страна на возот.

Возот ја влечел несреќната жена неколку километри додека машиновозачот не ја забележал жената како виси на вагонот за време на возењето и иницирал итно запирање на возот, пренесува магазинот „Феникс“.

Жената добила сериозни повреди на стапалата, нозете и на горниот дел од телото, соопшти полицијата.

Таа е хоспитализирана, но нејзиниот живот не е во животна опасност, соопштуваат тамошните власти.

Не е јасно како вратата на возот можела да се отвори на погрешна страна, а одговорите треба да ги даде кривичната истрага.

15.03.2023 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега