Хорор во Црна Гора: Со нож избоден психијатар
Црногорската полиција денеска го уапси шеесет и петгодишниот Д.В. од северот на Црна Гора, бидејќи со нож нападнал и повредил лекар невропсихијатар кој не сакал да му издаде потврда за носење оружје.
Како што изјави за црногорските медиуми директорот на Општата болница Саша Грбовиќ, докторот Илхан Турсумовиќ се здобил со убодна рана во пределот на стомакот и расекотини на рацете и градниот кош.
„Животот на Турсумовиќ не е во животна опасност и во моментов му е укажана лекарска помош“, изјави Грбовиќ.
Според неофицијални информации Д.В. нападнал невропсихијатар бидејќи лекарот одбил да потпише лекарско уверение за носење оружје ден претходно, пренесуваат локални медиуми.
Инцидентот го потврди и црногорската полиција која преку соопштение наведува дека Д.В. „најпрво физички, а потоа со употреба на ладно оружје, нож нападнал лекар во Општата болница Пљевља и го повредил во пределот на градниот кош.
Според статистиката на црногорското Министерство за здравство од август, дури 11 отсто од црногорските медицински работници од почетокот на годинава биле изложени на физички напади. Исто така, истото истражување покажало дека дури 95 отсто од лекарите од итната медицинска помош доживеале вербален напад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа