Хорор пред зградата на хрватската Влада: Маж се полеа со бензин и се запали
Околу 9 часот и 40 минути пред оградата на јужната страна на плоштадот Свети Марко во Загреб, пред зградата на хрватската Влада, непознато лице се полило со бензин и се самозапалило, ја објави Индекс потврдата од загрепската полиција.
Неофицијално се дознава дека маж се самозапалил, при што се здобил со тешки изгореници. Тој сè уште бил жив кога пристигнала итната помош.
11.06.2024 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа