Хари и Меган ќе снимаат документарец во Африка за „Нетфликс“

 

 

Војводата и војвотката од Сасекс заминуваат во Африка, каде ќе снимаат нов документарен филм за „Нетфликс“.

Во 2020 година, принцот Хари и неговата сопруга Меган потпишаа петгодишен договор од 100 милиони долари со стриминг-гигантот и, по успехот на нивната документарната серија „Хари и Меган“, во претстојниот проект камерите ќе ги следат додека ги посетуваат заедниците во регионот.

38-годишниот принц беше редовен посетител на Африка со текот на годините и основаше своја добротворна организација за деца, „Сентибејл“, во Лесото, а во документарниот филм камерите ќе ја следат двојката – заедно со тригодишниот син Арчи и ќерката Лилибет (22 месеци) – додека работат на различни добри цели, вклучително помош во градење куќи во селата што ги посетуваат, а Меган особено сака да ја подигне свеста за практиките за безбедно раѓање.

Извор изјави за весникот „Сандеј мирор“ дека документарниот филм ќе биде заеднички проект помеѓу Нетфликс и продукциската куќа на Хари и Меган, „Арчивел продакшн“ додека тие се враќаат во Јужна Африка.

Инсајдерот додаде: „Фокусот ќе биде во голема мера хуманитарен. Камерите ќе ги следат додека посетуваат разни комплекси и споделуваат знаење од областа на заштита на здравјето.

„Меган особено сака да сподели информации за безбедно породување со жените што ги среќава. Заедно со сопругот планираат да помогнат во изградба на куќи и ресурси.“

Веста доаѓа само еден ден откако беше откриено дека братот на Хари, принцот Вилијам, ќе се појави во своја документарна серија, која ќе ја покрие неговата добротворна работа за помош во битката против бездомништвото.

02.05.2023 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега