Хаос во Велес: 56-годишник прво претепал млад брачен пар, па после и мајката на девојката

Вистински хаос се случил вчера во Велес сред бел ден. 56-годишен велешанец со иницијали Б.Ш. на ул.„Караорман“ прво истепал млада брачна двојка, а потоа и се нафрлил и на мајката на жената.

„На 26.03.2023 во 16.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ш.(56) од Велес. Тој на ул.„Караорман“ во Велес физички го нападнал М.М.(25) од Велес и неговата сопруга, а потоа и нејзината мајка“, информираат од СВР Велес за Прес24.

Лицето е приведено во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

27.03.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега