Хаос во Бруклин: Бездомник со камион возел по тротоар и повредил најмалку осум пешаци

 

Најмалку осум лица се повредени, меѓу кои и еден полицаец, откако возач на камион 30 минути возел околу Бруклин.

Полициски извори за Ен-Би-Си Њуз изјавија дека станува збор за 62-годишниот Азиец, Венг Сор.

Иако се уште не е познат мотивот, полицијата изјавила дека се работи за емотивно растроен бездомник, пишува Дејли Мејл.

Се уште не е јасно како човекот успеал да стигне до камионот

Две лица се во критична состојба, а покрај нив, хоспитализирани се уште две лица кои се во стабилна состојба.

Останатите се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување,пренесе Телеграф.рс.

 
13.02.2023 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега