Хајредини: Сликање со Ескобар за „европски фронт“ без книги за учениците, без лекови за болните, со изгорена и украдена пошта

 

 

„Не е доволно само едно сликање со Ескобар за „европски фронт“ и членство во ЕУ“, коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини, за дводневната посета на американскиот дипломат Габриел Ескобар на Македонија.

– Без книги за учениците, без лекови за болните, без независни обвинители и судии, со возови што се движат со брзина од 20 км на час, со изгорена и повеќе пати украдена пошта, со нула отсто доверба на народот во обвинителите и судиите, со секојдневни коруптивни скандали и афери на државни и партиски функционери на власт, кои на избори крадат и купуваат гласови, со злоупотреба на парите од европски фондови и амерички донации – за „европски фронт“ и членство во ЕУ не е доволно само едно сликање со Ескобар, објави Хајредини на својот профил на ФБ.

27.08.2023 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега