Гужва на ГП „Богородица“: За излез од земјава се чека 30 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ во писмено соопштение испратено до медиумите за моменталната состојба на патиштата низ Македонија.
Граѓаните кои излегуваат од земјата, треба да имаат повеќе трпение, бидејќи има гужва на ГП Богородица. За излез од земјава се чека околу 30 минути.
„На граничниот премин Богородица време на чекање за излез од државата е околу 30 мин, а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.
Инаку, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа