Грчки остров погоден од силен земјотрес
Утрово во 5:47 земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето кај островот Аморгос во јужниот дел на Егејското Море, јави АНА-МПА.
Според грчкиот институт за геодинамика, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југо-југозападно од селото Аркесини на островот.
21.03.2025 - 11:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа