Граѓаните на Лисиче излегуваат на протест: „Стоп за бетонизацијата“

 

 

Иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ најави протест против бетонизација на населбата.

Протестот ќе се одржи на булеварот Србија на 14 јуни, среда со почеток во 17.30 часот.

„Заедно да кажеме стоп на урбаната мафија и насилната бетонизација која ни следува!!! Ги повикуваме сите граѓани кои се гневни на градежниот геноцид кои му случува на Скопје, да дојдат и заедно да спречиме населба Лисиче да стане дел од таа приказна!!!“, се вели во повикот за протест на социјалните мрежи.

Според Деталниот урбанистички план, на локација на која сега има куќи се испланирани нови згради покрај булеварот „Србија“.

Од владејачката партија СДСМ побараа Државната комисија за спречување на корупцијата да го истражи овој случај до крај и обвинија за бетонизација на населбата.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, пак, кажа дека на локацијата на која е предвиден нов ДУП во Лисиче не станува збор за наводно некакво бетонирање, напротив, станува збор за детален урбанистички план, кој подразбира изградба на околу 95 отсто објекти и за индивидуално домување (куќи) и само неколку колективни станбени згради, ДУП кој првпат предвидува изградба на нов парк во населбата Лисиче, рече тој.

12.06.2023 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега