Градоначалникот на Јужна Кореја: Ни треба нуклеарен арсенал поради заканата од Северот

 

 

Јужна Кореја треба да изгради арсенал на нуклеарно оружје за да ја зајакне својата одбрана од Северна Кореја, дури и на ризик од меѓународни последици, рече градоначалникот на главниот град. „Северна Кореја има најмалку десетици бојни глави. Дојдовме до точка каде што е тешко да ги убедиме граѓаните дека треба да се воздржиме од развивање нуклеарно оружје и да се држиме до целта за денуклеаризација“, изјави О Се-Хун за „Ројтерс“.

Поради подобрувањето на военото снабдување на Северна Кореја и сомневањата за посветеноста или способноста на САД да го заштитат Југот, сè поголем број јужнокорејски официјални лица зборуваат за развој на нуклеарно оружје или за прераспоредување на американските тактички нуклеарни бомби и проектили, кои беа повлечени од Корејскиот Полуостров на 90-тите.

Истражувањата покажуваат и високо ниво на јавна поддршка во Јужна Кореја за некогаш незамисливата идеја за домашен нуклеарен арсенал. Според истражувањето објавено на 1 март од Data Research, повеќе од 70 % од Јужнокорејците го поддржуваат развојот на нуклеарно оружје, а 27 % се против тоа. 59 % од испитаниците веруваат дека Северна Кореја, веројатно, би употребила нуклеарно оружје доколку избувне војна на полуостровот.

Ли Санг-хјун, претседател на јужнокорејскиот институт „Сејонг“, напиша во извештај овој месец дека јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол не размислува сериозно за нуклеарна програма и дека враќањето на американското оружје е малку веројатно.

13.03.2023 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега